Renault и со својата доставна гама покажува дека се грижи за околината.
Со подобрата циркулација на течноста за ладење и новите пумпи за масло и за серво системот за управување, ревидираните верзии на 2,3 литарскиот дизел со кој се опремува најголемиот доставен модел на Renault сега можат да се пофалат со намалена емисија на CO₂ до 16 g/km. Четирицилиндричниот дизел кој доаѓа во верзии од 100, 125 и 150 KS сега има и до 0,6 l/100 km намалена потрошувачка на гориво. За постигнување на овие вредности, инженерите на Renault употребиле и ново масло за менувачот и пневматици со помал отпор на тркалање.
Кај гамата на Master, која сега е дополнета и со неколку нови верзии, освен скромните измени во опременоста може да се издвои уште и можноста верзијата со погон на предните тркала да биде опремена со самонивелирачко воздушно ослонување, со кое, за полесно товарање, височината на задниот дел може рачно да се подесува меѓу -60 и +70 mm. Пред две години претставениот Master држи 15% од својот сегмент во Европа.

No comments:
Post a Comment