Со лансирањето на 301, францускиот производител започнува нова ера во своето бизнис размислување.
Наменет пред сé за пазарите во развој, компактниот седан со ознака 301 ќе се одликува пред сé со пристапната цена, економичноста и карактеристиките кои повеќе се ценат во овие земји, како што е, на пример, багажникот од 506 литри. Конструкторски ќе биде прилагоден на барањата на купувачите и климатските и експлоатационите услови на пазарите каде ќе се продава. Модерниот изглед во целост го следи трендовскиот дизајнерски стил на марката, а внатрешноста се одликува со голема пространост, добиена благодарение на должината од 4,44 и меѓуоскиното растојание од 2,65 метри. Освен со новиот трицилиндричен 1,2 литарски VTi мотор со 71 KS, ќе биде понуден и со 1,6 литарски бензински и дизел мотори со 115, односно 92 KS.
Peugeot 301, кој ќе се произведува во Шпанија, за прв пат ќе го видиме на салонот на автомобилите во Париз. Продажбата ќе му започне во ноември, најпрво во Турција, а потоа и во земјите од Централна и Источна Европа, Русија, Украина, Грција, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка. Се очекува 301 да стане еден од глобално најдобро продаваните модели на Peugeot.
Со овој модел, Peugeot започнува и со нова имплементација на својата политика за означување на моделите со нула во средината - првата бројка и понатаму ќе ја означува големината на моделот, односно сегментот каде припаѓа, но за разлика од досега, во иднина сите клучни модели за глобален настап ќе имаат единица на крајот, додека осмицата останува за резервирана и за идните генерации на сегашните модели, што значи и дека нивните ознаки веќе нема да се менуваат со генерациите.

No comments:
Post a Comment