Со мали козметички измени, Fiat го ревитализираше својот седан наменет за пазарите во развој.
Моделот кој како светски автомобил беше претставен пред пет години отсега ќе го живее својот век како Yeni Linea, паралелно со досегашната верзија, која ќе биде преименувана во Linea Classic. Забележливите измени ги опфаќаат маската, браниците и позицијата на регистарската табличка назад која сега е на поставена на вратата на багажникот место во браникот, а во внатрешноста редизајнирани се инструмент таблата и централната конзола. Во Турција, каде се произведува, Yeni Linea ќе се нуди со 1,4 литарски бензински мотор со 77 KS, 1,3 литарски дизел со 95 и 1,6 литарски дизел мотор со 105 KS. Нема информации кога и каде уште ќе биде понудена ревитализираната Linea.
Fiat ја замисли Linea како модел со кој конкурентно ќе настапува на пазарите во развој, пред сé во Турција, Индија и Бразил. Квалитетно проектиран на основа на продолжената платформа на Grande Punto, со елегантен дизајн и прифатлива цена, тој сепак е понуден и на други, поразвиени пазари, на кои ваквите возила се барани.

No comments:
Post a Comment