Zoe е најинтересниот модел од електричната гама на Renault, не само затоа што се работи за возило големо колку Clio, туку и заради најавената цена од неверојатно ниски 15.700 евра, која сепак е без батерии, чие изнајмување чини 79 евра месечно. Спакуван со најнапредната електрична технологија, Zoe уште од самиот старт е конструиран како електромобил, што му дава предности кои не можат да ги имаат возилата кои станале електрични со конверзија на нивната погонска група. Zoe има автономија од 210 km, која се постигнува со нормално деветчасовно полнење на батериите кои го снабдуваат електромоторот од 43 kW со електрична енергија, додека со специјални полначи после половина час батериите ќе имаат на располагање 90% од својот капацитет.
No comments:
Post a Comment