Првиот човек на Daimler, Дитер Цече, на отворањето на новата фабрика во Кечкемет лично потврди дека според стратегијата за развој на компанијата до 2020 година, Mercedes од новата S класа наместо три како сега, ќе извлече шест деривати.
Тоа значи дека освен лимузините со нормално и продолжено меѓуоскино растојание и CL класата, која во иднина ќе биде именувана како купе верзија на S класата, моделот кој се развива под кодната ознака W222 ќе биде основа и за замената на Maybach (која засега се нарекува Pullman), како и за два големи кабриолета со четири места и две и четири врати, направени според идејата на концептот Ocean Drive, прикажан уште во 2007 година.
Идната S класа ќе биде понудена со широк дијапазон мотори - освен за олку голем и луксузен автомобил очекуваните V6, V8 и V12 мотори, и со 2,2 литарски четирицилиндричен дизел мотор, кој, како и во хибридните варијанти на Е класата, заедно со 3,5 литарскиот бензински V6 мотор ќе биде основа и за стандардните и plug-in хибридни варијанти. Конечниот изглед на новиот модел и натаму е голема тајна, но се очекува новата S класа да наликува на концептот F700, покажан исто така во 2007 година.
И покрај годините, S класата сé уште добро се продава - скоро исто колку и серијата 7 на BMW и четири пати повеќе од Audi A8. Во моментов најстариот модел во гамата на Mercedes, големата S класа, ќе го дочека својот наследник на крајот на оваа или почетокот на идната година.

No comments:
Post a Comment