Меѓу новитетите за оваа година, BMW ја подготви и рестилизираната серија 7.
Во обраќањето што претседателот на бордот на директори на BMW, Норберт Рајтхофер, го имаше по повод објавувањето на резултатите од работењето на компанијата во првиот квартал годинава, лично потврди дека германскиот производител веќе ја има подготвено и рестилизираната верзија на серијата 7, која во продажба ќе биде пуштена во јули. Иако никакви детали за тоа што сé е сменето кај големата лимузина не се објавени, се очекува стилските измени да бидат благи, малку да и биде дотерано подвозјето и да биде понудена со два нови мотора - бензински V8 и шестцилиндричниот дизел со три турбо компресори и 381 KS од M550d xDrive, кој беше претставен на салонот во Женева.
До крајот на годинава BMW ќе ја прошири и гамата на серијата 3 со новите 316i (1.6 турбо, 136 KS), 320i EfficientDynamics (2.0 турбо 170 KS), како и со верзиите со xDrive погон на сите четири тркала. Истовремено, моторите на Grand Turismo верзијата на серијата 5 добија малку на сила и сега 550i располага со 450, а 530d со 258 KS. На некои пазари овој модел ќе биде понуден и со 2,0 литарски дизел со 184 KS.
Некои од другите најавени новитети на BMW групата се Gran Coupe верзијата на серијата 6, која ќе се најде во продажба во јуни (на сликата) и Rolls-Royce Phantom Series II (во втората половина од годинава), а за Американците и неодамна обновениот X1, кој ќе им биде понуден есенва.

No comments:
Post a Comment