На интернационалниот симпозиум за електрични возила, кој ќе се одржи идната недела во Лос Анџелес, Toyota ќе ја претстави електричната верзија на RAV4.
Производствената верзија на електричниот SUV, кој како прототип за прв пат беше прикажан на салонот во Лос Анџелес во 2010 година, Toyota ја разви во соработка со калифорниската компанија Tesla, која ги обезбеди електропогонот, батериите, трансмисијата и контролната електроника. Електричните компоненти потоа ќе се испраќаат во погоните на Toyota во Канада, каде RAV4 EV ќе се произведува. Плановите за лансирање и првите технички детали за моделот се очекуваат да бидат објавени заедно со неговото покажување, но од порано Toyota објави дека иако RAV4 EV ќе биде за стотина килограми потежок отколку V6 верзијата, ќе има слични перформанси како неа.
Toyota во 1997 година во САД продаде 1.500 примероци од експериментална електрична верзија на тогашната генерација на RAV4. Од нив, околу половина и ден денес се во употреба.
Toyota во 1997 година во САД продаде 1.500 примероци од експериментална електрична верзија на тогашната генерација на RAV4. Од нив, околу половина и ден денес се во употреба.
No comments:
Post a Comment