Се појавија првите поконкретни информации за идните заеднички модели на двата производитела.
Кога пред некој месец го потпишаа долгорочниот договор за сеопфатна соработка, беше објавено дека со него се предвидуваат заеднички развој, размена на технологии, компоненти и платформи и создавање глобална набавна мрежа, која годишно би трошела околу 125 милијарди долари, како и дека првите заеднички возила, кои би биле од компактната, средната класа, MPV модели и кросовери, а најверојатно и возила со ниски емисии, треба да се очекуваат во 2016 година. Сега стигнаа и првите официјални потврди за полињата од приоритетен заеднички интерес - според зборовите на директорот на фабриката на PSA во Рен, каде се произведуваат големите возила на концернот, идната генерација на Citroën C5, која се развива под работната ознака X8, ќе биде произведувана во некој од погоните на Opel. Претходно неофицијално беше објавено дека германскиот производител ќе биде задолжен за развој на идните заеднички модели од оваа класа, додека на Французите ќе им бидат доверени субкомпактните модели и наредната генерација на компактни моноволуменски возила. Сите овие изјави официјално беа демантирани со зборовите дека двата производитела сé уште немаат финализирано никакви планови и дека треба да очекуваме првите конкретни заклучоци од работните групи да бидат обелоденети пред крајот на годинава, така што сé уште е рано за било какви информации.
Според договорот меѓу двата производитела, General Motors иницијално треба да инвестира меѓу 400 и 470 милиони долари, а за возврат добива 7% од акциите на PSA Peugeot Citroën, со што станува втор по големина акционер во француската компанија, во која семејството Пежо има 30,9% од акциите, но и контрола на 48,3% од правата на глас. Продажбата на возила и натаму останува независна, а ќе се испитуваат и можностите за интегрирање на логистиката и транспортот. Според предвидувањата, се очекува овој договор во наредните пет години на партнерите да им овозможи да заштедат 2 милијарди долари.

No comments:
Post a Comment