Во согласност со својата традиција за долговечност на дизајнот, Suzuki со мали козметички зафати пред почетокот на летово го освежи малиот градски модел.
Иако претставен пред четири години, Splash и денес изгледа еднакво свежо, така што и немаше некоја голема потреба за менување. Она што е различно се светлата, браниците со „растегнати“ светла за магла и малку зголемената маска, а назад графиката на задните светла и браникот, кој сега е со два пара отвори за воздух. Ситни декоративни измени има и во внатрешноста, додека унапредените мотори сега се малку поекономични и поеколошки - 1,0 литарскиот мотор со 68 KS просечно троши 4,7 l/100 km и емитува 109 g/km CO₂, а 1,2 литарскиот со 94 KS 5,1 l/100 km и 118 g/km CO₂.
Splash е базиран на за 30 mm скратената платформа на Swift и заедно со својот близнак Opel Agila, се произведува во фабриката на Suzuki во Унгарија.
Splash е базиран на за 30 mm скратената платформа на Swift и заедно со својот близнак Opel Agila, се произведува во фабриката на Suzuki во Унгарија.
No comments:
Post a Comment