На сенародниот VW-собир на корушкото езеро Вертер, Audi ќе го претстави својот електричен велосипед.
Со овој прототип, Audi сака да ги дефинира границите на техничката изводливост на основа на своите основни постаменти, опишани со зборовите дизајн, ултра, поврзување и e-Tron. Освен изгледот, футуристички кај овој велосипед се и многу други нешта: 26-инчните тркала се направени од пластика засилена со јаглеродни влакна и тежат само по 600 грама, а рамката, за која исто така се употребени јаглеродни влакна, е тешка 1,6 килограми. За задвижување на велосипедот, на човечката сила ќе и помага и електромоторот со 2,3 kW и 250 Nm, монтиран на најниската позиција на рамката, која воедно ги вдомува и литиум-јонските батерии со капацитет од 530 Wh, тешки 5 kg, кои во случај на долги рути, можат едноставно да се заменуваат со полни. Без нив, целокупната тежина на велосипедот изнесува 21 килограм.
Возачот на располагање ќе има пет режими за возење, од кои во „најмоќниот", со комбинирани сили, велосипедот може да постигне дури 80 km/h и со едно полнење на батериите, за што на домашна електрична мрежа од 230 V се потребни два ипол часа, да помине меѓу 50 и 70 km. Само со електромотор, максималната брзина на електричниот велосипед на Audi изнесува 50 km/h. Од другите технички додатоци, велосипедот ќе биде опремен и со деветстепен менувач со хидраулично командување, две диск кочници, исто така хидраулични, воздушно ослонети тркала, LED светла, борд компјутер со екран чувствителен на допир со можност за поврзување со смартфон, имобилајзер…
Собирот на љубителите на VW групата на Вертерзее, кој годинава се организира по 31-ви пат, ќе се одржи од 16 до 19 мај годинава.

No comments:
Post a Comment