Новиот модел ќе биде за 80 kg полесен од сегашниот модел.
Со цел да се постигне поставената цел за двоцифрена емисија на CO₂, Volkswagen при проектирањето на новата, седма генерација на Golf внимаваше и на неговата тежина, која се очекува да биде за 80 kg помала во однос на компаративен модел од сегашната генерација. Во споредба со претходникот, Golf VII ќе биде подолг и ќе нуди повеќе простор во внатрешноста и поголем комфор. При конструкцијата на новиот Golf применети се и поинаквите пропорции, со предна оска поместена нанапред, со што профитира целокупната форма на возилото, нагласена со пократките и оптички засилени превиси. Исто така, новиот Golf ќе добие и на ширина, што визуелно ќе го направи побрз.
Продажбата на новата генерација на Golf ќе започне од крајот на годинава, а во 2014 година се очекува и негова хибридна верзија.
Продажбата на новата генерација на Golf ќе започне од крајот на годинава, а во 2014 година се очекува и негова хибридна верзија.
No comments:
Post a Comment