Развиен во соработка со калифорниската компанија Tesla, која ги обезбеди компонентите од електропогонот, RAV4 EV ќе се најде во продажба во текот на летово по цена од 49.800 долари.
Дизајнерските измени се сведени на интервенции за подобрување на аеродинамиката и полесна препознатливост меѓу обичните возила, додека во внатрешноста, и покрај електропогонот, во целост е задржан истиот простор како и кај конвенционалната верзија на RAV4. Електромоторот од 115 kW ги задвижува само предните тркала, а батериите со капацитет од 41,8 kWh и гаранција од 8 години или 160.000 km, после шестчасовно полнење на струја од 240 V и 40 A овозможуваат автономија од околу 160 km. За нивно штедење, на возачот на располагање му се два режима - Sport и Normal. Во првиот RAV4 EV постигнува максимални 160 km/h и забрзува до 100 km/h за 7,0 секунди, а во вториот брзината му е ограничена на 137 km/h, а забрзувањето трае 8,6 секунди.
Toyota планира во наредните три години да произведе околу 2.600 примероци од RAV4 EV во својата фабрика во Канада.
Toyota планира во наредните три години да произведе околу 2.600 примероци од RAV4 EV во својата фабрика во Канада.
поврзани вести:
Електричниот RAV4 подготвен за претставување
Електричниот RAV4 подготвен за претставување
No comments:
Post a Comment