Daimler потврди дека од 2014 година ќе започне со производство на електрични скутери.
Основа за нивното идно решение за урбана мобилност ќе биде студијата eScooter, која Smart ја покажа на салонот во Париз во 2010 година, заедно со електричниот велосипед eBike, чија продажба започна пред некој ден, по цена од 2.849 евра во Германија. Нарекувајќи ја оваа одлука „нареден логичен чекор" за Smart, Daimler објави дека развојот на идниот електричен скутер е во тек и во него ќе бидат имплементирани многу иновативни и трендовски особености. Серискиот производ непогрешливо ќе биде препознатлив како вистински Smart, а ќе можат да го возат и лицата кои сé уште немаат возачка дозвола за автомобил.
Студијата која Smart ја покажа пред две години е опремена со електромотор од 4 kW сместен во задното тркало, кој му овозможува на електричниот скутер максимална брзина од 45 km/h. Замислен како практично и неконвенционално превозно средство, eScooter концептот беше опремен со воздушна перница, ABS, систем за детектирање на возила во мртвите агли, можност за поврзување со смартфон и литиум-јонска батерија чиј капацитет од 80 Ah, после три до пет часа полнење на стандардна домашна електрична мрежа, е доволен за поминување на стотина километри.

No comments:
Post a Comment