Парадата на елеганцијата во Вила д'Есте на италијанското езеро Комо беше одлична можност Aston Martin да ги покаже линиите на наследникот на DBS.
Покажан под ознаката Project AM310, наследникот на DBS изобилува со примената на јаглеродни влакна, кои освен на видливите делови од каросеријата се користени и во конструкцијата на возилото. Иако некои стилски детали потсетуваат на One-77, во основа дизајнот доживеал само еволутивни промени, како најверојатно и алуминиумската платформа, подвозјето и 6,0 литарскиот V12 мотор. Тоа не би можело да се кажи и за ентериерот, кој се очекува да биде сосема нов и исполнет со мноштво модерни додатоци.
Сé уште не е сигурно дали Aston Martin ќе ја задржи ознаката DBS за новиот модел или ќе избере ново име. Се очекува наследникот на DBS официјално да биде покажан кон крајот на летово, а во продажба ќе се најде на почетокот на идната година, кога британската марка ќе ја прослави својата стогодишнина.

No comments:
Post a Comment