Новите технологии како што се турбо натполнењето, директното вбризгување и старт-стоп системот, со цел да се намалат потрошувачката и емисијата на CO₂, наскоро ќе бидат пошироко присутни во гамата на Opel.
Трите нови семејства на мотори кои ги подготвува германскиот производител ќе ги предводи 1,6 литарскиот бензински мотор означен како SIDI (Spark Ignition Direct Injection), кој ќе има максимална силина од 200 KS при 4.700 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 300 Nm при само 1.700 min-1. Според прелиминарните податоци, економичноста и нивото на CO₂ што го емитува ќе бидат подобрени за 13% во однос на досегашниот 1,6 литарски турбо мотор. Производството на овој мотор на Opel, кој ќе биде достапен и со други силини, ќе започне кон крајот на годината во фабриката во Шентготард, Унгарија.
Деталите за останатите два нови мотора кои ќе се појават во наредните 12 месеци, засега не се објавени.
Деталите за останатите два нови мотора кои ќе се појават во наредните 12 месеци, засега не се објавени.
No comments:
Post a Comment