Со новата стратегија за развој на глобални архитектури, Toyota ја најави и офанзивата на нови модели.
Првите конкретни размислувања, кои ги видовме на салонот во Пекинг во облик на концептите Dear Qin (на сликата), се само дел од новите модели кои Toyota ги подготвува, бидејќи јапонскиот производител на пазарите во развој до 2015 година планира да лансира дури 8 нови компактни модели. Од објавеното засега се знае дека се работи за возила кои ќе се произведуваат локално, главно во Индија, Бразил и Кина и дека нивната цена се проектира на 1 милион јени (10.000 евра).
Гласините дека се развива нискобуџетен модел за Индија со цена под 500.000 јени, Toyota ги демантираше со изјавата дека немаат намера да влезат во овој пазарен сегмент, туку дека сакаат да го зајакнат своето присуство во категориите каде се поконкурентни.

поврзани вести:
Toyota ја најави новата генерација компакти
Toyota ја најави новата генерација компакти
No comments:
Post a Comment