14 May 2012

Honda NSX

Претставен на салоните во Детроит и Женева, концептот на новата генерација на Honda, поточно Acura NSX, бидејќи новиот модел се развива и ќе се произведува во САД, се одликува со максимално агресивен, но не толку футуристички дизајн како другите студии на јапонскиот производител. Механички, новата генерација на NSX го задржува основниот концепт со централно поставен мотор, кој и овој пат ќе биде V6, но сега 3,5 литарски и со директно вбризгување на горивото, засилен со иновативниот SH-AWD хибриден систем со три електромотори, од кои еден од 30 kW ќе му помага во задвижувањето на задните, а два од по 20 kW ќе ги доведуваат возните својства на ултимативно ниво пренесувајќи ја својата сила на предните тркала. Наследникот на суперспортскиот NSX, чие производство после 15 години Honda го запре во 2005-та, се очекува да се појави како сериски модел во наредните три години.


No comments:

Post a Comment