Субкомпактниот модел на Ford есенва ќе добие фејслифтинг.
Претставена пред четири години со напреден дизајн, на Fiesta не и треба многу дотерување за да остане во трендот - стилските измени ќе бидат само во насока на приближување на нејзиниот изглед кон новиот дизајнерски јазик на марката. Освен малку помодерните линии, ново кај Fiesta ќе биде и трицилиндричниот EcoBoost турбо мотор, додека веќе покажаната топ верзија со ознака ST и 180 KS, ќе биде понудена идната година.
Освежената Fiesta во продажба ќе се најде веќе во септември, со цени на ниво на сегашните, кои треба да помогнат во стопирањето на намалувањето на продажбата на овој модел, за кој се очекува годинава да одлучат 320.000 купувачи во Европа, што е за 60.000 помалку од лани. Од идната, седма генерација на Fiesta, која е планирана за 2015 година, Ford очекува да се продаваат по 450.000 возила годишно.

No comments:
Post a Comment