Според плановите на Opel, ќе згасне производството на Astra во Германија.
Одлуката донесена како дел од стратегијата за ревитализација на компанијата се однесува на наредната генерација на популарниот хечбек, кој од 2015 година повеќе нема да се произведува во Германија, туку само во Полска и Велика Британија. Според германскиот производител, по постигнатиот договор со синдикатот на англиската фабрика, кој беше вклучен во плановите за реструктуирање, ангажирањето на фабриката во Риселсхајм ќе стане непотребно, бидејќи во фабриките во Гливице и Елесмер Порт, со инвестиции од 300 милиони евра, Opel ќе го зголеми капацитетот за Astra од 185.000, односно 145.000 возила годишно на 240.000, односно 205.000 соодветно.
Opel започна лани да ја произведува Astra во Риселсхајм, од каде излегоа само 18.300 од вкупно произведените 328.900 возила од овој модел. Во 2011 година во Риселсхајм Opel произведе и 149.800 примероци од Insignia и 12.600 од идентичниот на него Buick Regal. Претходната генерација на Astra се произведуваше во три фабрики - во Антверп (Белгија), Бохум (Германија) и Елесмер Порт, кои имаа одвоено вкупен капацитет од 333.000 возила годишно за овој модел. Покрај нив, купе и кабриолет верзиите на Astra се произведуваа во погоните на Bertone во Торино, а претходната верзија, означена како Classic II, во Гливице.

No comments:
Post a Comment