На салонот во Женева претставениот модел V40 е петвратна верзија на идната генерација на C30. Агресивниот преден и задниот мускулест дел, изведен како микс меѓу купе и хечбек, дизајнерски се искомбинирани во силуета која наликува на кросоверите од шведската марка. Моделот долг 4,5 метри, Volvo ќе го лансира со пет бензински и три дизел мотори. Бензинската гама се состои од 1,6 литарски четирицилиндрични (со 150 и 180 KS) и 2,0 и 2,5 литарски петцилиндрични мотори (помалиот со 180 и 213, а поголемиот со 254 KS), а дизелската од еден 1,6 литарски четирицилиндричен (со 115 KS) и два 2,0 литарски петцилиндрични мотори (со 150 и 177 KS). Производството му започнува овој месец во фабриката на Volvo во Гент, Белгија, од каде ќе излегуваат по 90.000 примероци годишно, наменети првенствено за европските пазари.
No comments:
Post a Comment