Осум светски производители заеднички развија универзален полнач на батериите на електромобилите.
Шареноликоста на решенијата натера осум конкуренти да седнат на иста маса и да се договорат за заеднички стандарди, со цел да се создадат подобри услови за полесно прифаќање на оваа нова технологија. Првиот чекор логично беше да се создаде заеднички универзален полнач на батериите на електромобилите, чиј развој веќе готов и во иднина ќе се користи кај сите нивни нови модели на електричен или plug-in хибриден погон во Европа и САД. Новиот полнач, кој ќе овозможува брзо полнење на батериите за 15 до 20 минути, ќе биде претставен идната недела на 26-от симпозиум за електрични возила, кој ќе се одржува во Лос Анџелес.
Иако во договорот за заедничките технологии учествуваа само Audi, BMW, Chrysler, Daimler, Ford, General Motors, Porsche и Volkswagen, најверојатно новиот полнач без поговор ќе биде прифатен и од останатите, бидејќи овој договор наиде на поддршка и од SAE и ACEA. Се очекува првите негови примени да бидат веќе кон крајот на годинава.

No comments:
Post a Comment