Toyota дури сега објави дека во јануари престанал да се произведува првиот модел на Lexus кој беше проектиран само со хибриден погон.
Моделот кој во 2009 година, кога беше претставен, беше најавуван како перфекција за третиот милениум, тивко замина од сцената. Причината за тоа е слабата продажба во САД, која од 10.633 примероци во 2010-та се намали на само 2.864 лани. Со димензии нешто поголеми од спортскиот IS, HS 250h стартуваше одлично - во Јапонија, во првиот месец од неговата продажба, Toyota пласираше 10.000 примероци и прими уште 3.000 нарачки за него, а листата на чекање беше долга 6 месеци.
Lexus HS 250h е направен на основа на платформата на сегашната генерација на Avensis. Опремен е со 2,4 литарски мотор со 147 коњски сили од американската верзија на Corolla, кој, засилен со електромотор, на предните тркала може да испорача максимални 187 KS. Овој модел на Lexus не беше планиран за европскиот пазар.

No comments:
Post a Comment