Германскиот производител и италијанскиот дизајнер со заеднички труд креираа прекрасно купе.
Додавајќи му неколку свои дизајнерски потези, италијанските мајстори ја доловија магијата од моделот со моќни линии да направат елегантен и одважен автомобил кој зрачи со привлечност. За да се постигне тоа, миланските дизајнери практично ги изменија сите делови од каросеријата на Z4 - почнувајќи од маската, преку продолжениот нос и помускулестите страници, до неконвенционалниот заден дел во препознатливиот стил на Zagato. Многу чепкање по внатрешноста не беше потребно, а за комплетирање на емоциите се грижи недекларираната механика на овој модел на BMW, која на стандардниот Z4 му дава доволно возбудливи перформанси. Нема информации за плановите за иднината на овој модел - засега овој примерок од Zagato Coupe, хомологиран и регистриран за секојдневен сообраќај, останува единствен.
BMW ги произведуваше Z3 и првата генерација на Z4 и во купе верзии, но со појавата на втората генерација на Z4, мекиот покрив на родстерот беше заменет со тврд преклоплив покрив, со што моделот се трансформираше во купе-кабриолет.

No comments:
Post a Comment