Последните вести од Риселсхајм велат дека Opel првите официјални фотографии на својот иден најмал модел, досега познат како Junior, ќе ги покаже на 8 мај.
Дотогаш ќе мора да се задоволиме само со неговото име, кое во чест на основачот на компанијата, ќе биде Adam. Според неофицијалните вести, новиот мал Opel ќе биде долг околу 3,7 метри и ќе биде позициониран како премиум модел, што значи дека ќе понуден само со три врати и четири седишта. Подготвен на скратената платформа од идната Corsa, се очекува и дел од другата механика да им биде заеднички, посебно новите генерации мотори. Се зборува и дека Adam ќе биде понуден и во OPC верзија со потентен турбо мотор, како и во варијанта со електричен погон.
Се очекува првото јавно појавување на Opel Adam пред пошироката публика да биде на салонот во Париз есенва.
Се очекува првото јавно појавување на Opel Adam пред пошироката публика да биде на салонот во Париз есенва.
No comments:
Post a Comment