После Buick Encore и Opel Mokka, и Chevrolet ја покажа својата верзија на глобалниот мал SUV на General Motors, означен како Trax.
Со новиот модел кој се подготвува за прво јавно покажување на салонот на автомобилите во Париз во септември, Chevrolet ќе ја прошири својата гама кон пазарно сé поатрактивниот сегмент. Иако името му е позајмено од концептот покажан во 2007 година, Trax со него нема ништо заедничко, туку е целосно идентичен со наведените два мали кросовера на GM, освен во малите дизајнерски разлики кои можат да се забележат на оваа единствена објавена фотографија.
За разлика од Buick Encore, кој ќе се продава само Северна Америка и Opel Mokka, која е наменета за европските купувачи, Chevrolet ќе го нуди Trax во повеќе од 140 земји низ целиот свет, почнувајќи од Мексико, каде ќе биде лансиран во четвртиот квартал годинава. Во Европа ќе пристигне напролет идната година.

No comments:
Post a Comment