Заменувајќи едно митолошко име со друго, британскиот бутик-производител на возила Eterniti ја претстави претпродукциската верзија на својот прв модел, кој ќе се нарекува Artemis.
Измените на името се проследени и со измени во дизајнот, така што овој супер SUV, како што Британците сакаат да го нарекуваат, се разликува од концептот покажан на салонот во Франкфурт минатата есен под ознаката Hemera главно по комплетно новиот дел со поинаква маска и други светла. Внатрешноста во целост изобилува со луксуз, а телото на овој супер SUV, за чија основа е земен Porsche Cayenne, е рачно изработено од композитни материјали. Според Eterniti, Artemis има за 100 mm повеќе простор за патниците на задните седишта во споредба со Cayenne, а неговиот 4,8 литарски V8 турбо мотор е навиен на 600 KS и 750 Nm, доволни за забрзување до 100 km/h за 4,5 секунди и максимална брзина која надминува 290 km/h.
Eterniti уште летово ќе започне да го продава Artemis, по цена од 210.000 фунти.
Eterniti уште летово ќе започне да го продава Artemis, по цена од 210.000 фунти.
No comments:
Post a Comment