Во пресрет на неговото лансирање во САД, BMW го освежи малиот кросовер X1.
Дизајнерските измени, кои може да ги забележи само искусното око, се ограничени на браникот, маската, светлата и куќиштата на ретровизорите, а со сличен обем се и корекциите во внатрешноста. Освежениот X1 ќе се нуди со четири бензински мотори, еден атмосферски од два литра 150 KS и три турбо - дволитарски со 184 и 245 KS и трилитарски со 300 KS. Дизелската понуда ја сочинува бројна дволитарска гама на четирицилиндрични мотори со 116, 143, 184 и 218 KS, додека EfficientDynamics варијантата е на располагање со 163 KS. Осумстепениот автоматски менувач, погонот на сите четири тркала, старт-стоп и системот за регенерација на силата на кочење се само некои од бројните можности со кои купувачите на идниот X1 ќе можат да си го прилагодат според своите желби.
Од неговото појавување во 2009 година, BMW продаде 275.000 примероци од X1.
Од неговото појавување во 2009 година, BMW продаде 275.000 примероци од X1.
No comments:
Post a Comment