По долгото загревање на јавноста и неверојатниот интерес што го постигна, Nissan одлучи да направи лимитирана серија од ултимативниот Juke-R.
Користејќи го како основа малиот кросовер, во која го вградија 3,8 литарскиот твин-турбо V6 од GT-R, Nissan-овите инженери од Англија успеаја да направат вистинска ултрамоќна машина со тркачко педигре. За текот на неговото конструирање јавноста беше редовно информирана, што резултираше со неверојатен интерес за малото ѕверче со 485 коњски сили, способно за максимална брзина од 257 km/h и забрзување до 100 km/h за 3,7 секунди. Користењето композитни материјали им овозможи на неговите конструктори доволно слобода успешно да ја спроведат интеграцијата на малиот Juke и со технологијата GT-R, со што концептот доби и внатрешност целосно инспирирана во неговиот стил.
Иако се насетуваше од порано, конечната одлука за лимитирана серија на Juke-R била донесена по реакциите на неговото претставување во Дубаи, во јануари годинава, кога одговорните од Nissan буквално на улица добивале понуди за него. Според информациите, Juke-R ќе биде произведуван исклучиво по нарачка, почнувајќи од летово, но со ревидираниот мотор од GT-R со 545 коњски сили. Колку точно примероци ќе бидат направени не се знае, но Nissan досега добил три нарачки за Juke-R, од кои две од Дубаи. Цената не е објавена, но реално е да се претпоставува дека ќе има шест цифри.

No comments:
Post a Comment