Opel продолжува со пополнувањето на гамата на Astra.
Наредна верзија на компактниот хечбек планирана за претставување е кабриолетот, кој е поверојатно да го видиме на салонот на автомобилите во Женева идната година во март отколку на есенскиот салон во Париз оваа година. Иако тестирањето на прототипите е во напредната фаза, засега изостануваат деталите за возилото - се претпоставува дека ќе има врати без рамки, мек покрив и скриен заштитен рол-бар. Не се знае дури ни името под кое овој кабриолет со четири седишта ќе биде лансиран, бидејќи можноста да биде засебен модел уште ланската есен ја најави лично главниот дизајнер на Opel, Марк Адамс, додека пред една година беше објавено дека и кабриолет верзијата на Astra ќе се произведува во фабриката во Полска. Се очекува новиот кабриолет, кој ќе биде поставен на продолжена верзија на платформата на Astra, да биде еден од првите модели на Opel во кој ќе биде вграден новиот 1,6 литарски турбо мотор со директно вбризгување на горивото и старт-стоп систем.
Кабриолет верзијата на претходната генерација на Astra, која се произведуваше во Антверп, Белгија, имаше троделен преклоплив метален покрив, заради што и го имаше суфиксот TwinTop во својата ознака.
Кабриолет верзијата на претходната генерација на Astra, која се произведуваше во Антверп, Белгија, имаше троделен преклоплив метален покрив, заради што и го имаше суфиксот TwinTop во својата ознака.
поврзани вести:
Astra се сели од Германија
Astra се сели од Германија
No comments:
Post a Comment