26 May 2012

Cadillac ATS

Со новиот ATS, General Motors започна да ги пополнува празнините во понудата на Cadillac. Дизајнот му е во согласност со трендовите на марката, со остри набори и вертикално исечени површини, а внатрешноста складно пополнета според стандардите на премиум сегментот каде припаѓа. Клучните карактеристики му ги даваат скоро 50:50 избалансираната распределба на тежината на двете оски, мулти линк Magnetic Ride адаптибилното ослонување и задните погонски тркала, кои силата ја добиваат од некој од трите алуминиумски мотори со директно вбризгување на горивото: четирицилиндричниот атмосферски од 2,5 литри со 200 KS и 255 Nm, 2,0 литарскиот турбо со 270 KS и 353 Nm и 3,6 литарскиот V6 со 318 KS и 362 Nm. Уште кога ќе се појави во продажба ова лето, Cadillac ATS опционално ќе може да биде опремен и со погон на сите четири тркала, додека во Европа ќе биде понуден и со дизел мотор.



No comments:

Post a Comment