Планирана за продажба подоцна годинава, семејната верзија на серијата 3 на BMW ги има истите карактерни особини како и лимузината.
Нејзиниот спортски и елегантен стил дополнително е искомбиниран со практичниот заден дел кој не ја нарушува динамичката појава на моделот, а прилагодливиот концепт на внатрешноста и просторот за багаж, сега зголемен на 495 литри, функционално е облагороден со деливата задна клупа во однос 40:20:40 и стаклото на автоматската задна врата кое се отвора засебно. Во однос на седанот, должината е зголемена за 97, а меѓуоскиното растојание за 50 mm.
Наменета за модерните луѓе кои живеат модерно, караванската верзија на серијата 3 ќе биде понудена со мноштво модерни технологии, како што се колор head-up дисплејот, старт-стоп системот, Eco Pro режимот на работа на моторот, осумстепениот автоматски менувач, адаптивното спортско ослонување, M Sport опциите и друго. Моторната понуда на почетокот ќе ја сочинуваат 2,0 литарски турбо бензински мотор со 245 KS за 328i, 2,0 литарски дизел со 184 KS за 320d и 3,0 литарски шестцилиндричен дизел со 258 KS за 330d, а догодина понудата ќе биде проширена и со шестцилиндрични бензински мотори и верзии со погон на сите четири тркала.
Традиционално, караванската верзија на серијата 3 на BMW ќе го има суфиксот Touring, освен во Северна Америка, каде ќе се нарекува Sports Wagon.

No comments:
Post a Comment