Иако и двете компании ја демантираа ова вест, самиот факт што неа ја пренесе Reuters и дава сериозна тежина.
Според информациите на германското списание Automobil Produktion, двата производитела имаат заеднички интерес за соработка во развојот на мотори и во други области, заради што била одржана и прелиминарна средба во Минхен, на која била спомената и сума од 1-2 милијарди евра. Со оглед на фактот дека можната идна соработка е во премногу рана фаза, јасни се и реакциите на BMW и Hyundai, кои тврдат дека извештаите за вакво нешто се без основа.
Заедничкиот развој на компоненти за возилата, со што трошоците се делат меѓу партнерите, не е ништо вообичаено ниту за BMW, ниту за Hyundai. Во моментов, BMW и PSA Peugeot Citroën заедно произведуваат бензински мотори, а во план е и соработка во развојот на хибридни компоненти. Германците тукушто започнаа со соработката и со Toyota на развој на нова генерација литиум-јонски батерии, а Hyundai, Chrysler и Mitsubishi имаат развиено заедничко семејство мотори кои сé уште се користат во нивните модели.

No comments:
Post a Comment