Со заедничко соопштените, Nissan и канадскиот автомобилски конгломерат Magna известија дека идниот компактен модел на Infiniti ќе се произведува во Австрија.
Со потпишување на писмото за намери, двете компании го започнаа финализирањето на договорот кој предвидува првиот компактен модел на јапонската премиум марка, почнувајќи од 2014 година, да се произведува во погоните на Magna Steyr во Грац. Новиот модел на Infiniti, главно наменет за западноевропскиот пазар, е значаен за остварување на глобалните аспирации на јапонскиот производител.
Детали за плановите за производство и за моделот не се објавени, но се очекува за негова основа да биде земен концептот Etherea, покажан лани во Женева. Според тогаш кажаното, платформата и добар дел од компонентите за ќе бидат преземени од А класата на Mercedes. Во развојот на новиот модел на Infiniti веќе се вклучени и инженерите на Magna Steyr.

No comments:
Post a Comment