Скоро една година по претставувањето на новата генерација на серијата 1, BMW ја покажа и нејзината тривратна верзија.
Задржувајќи го во целост дизајнот од петвратниот премиум хечбек, освен по пошироките врати, поспортската верзија на серијата 1 се разликува од него само уште по стаклата без рамки. И димензиите останаа непроменети - должината на возилото изнесува 4.324 mm, ширината 1.765, висината 1.421 и меѓуоскиното растојание 2.690 mm, а во багажникот има простор за 360 литри багаж.
Нови во понудата се два бензински мотора сместени на спротивните краеви на агрегатскиот спектрум, 1,6 литарски четирицилиндричен со 102 KS за 114i и 3,0 литарски шестцилиндричен со 320 KS за M135i, додека со преземената механика од петвратната верзија ќе се нудат 116i (1.6 со 136 KS) и 125i (2.0 со 218 KS), како и дизелските 116d, 118d и 125d, сите со дволитарски мотор со 116, 143 и 218 KS соодветно. Во ноември, понудата ќе биде проширена и со 118i со 170 KS и 120d со 184 KS, како и со верзиите со погон на сите четири тркала. Сите моторни варијанти на серијата 1 на BMW се опремени со турбо компресор и старт-стоп систем.

No comments:
Post a Comment