По претставувањето на купето со четири врати кое ќе биде означено како CLA, сега акцентот се префрла на очекуваниот мал SUV.
За сосема новиот помал SUV се знаеше уште додека платформата на новата А класа беше во развојна фаза. GLA, како што според новата номенклатура на Mercedes се очекува да биде означен овој модел, ќе го задржи истото меѓуоскино растојание од А класата и ќе има должина од околу 4,4 метри. И погонската механика ќе биде преземена од новиот хечбек, засилена со опционален погон на сите четири тркала, кој за прв пат ќе го видиме во некоја идна негова верзија, најверојатно онаа со суфикс AMG.
Малиот SUV, кој се очекува некаде во 2014 година, нема да биде последен сосема нов модел за кој ќе биде искористена MFA платформата на Mercedes. Според плановите, треба да се очекуваат пет модели базирани на неа, односно покрај А и B класите и споменатите CLA и GLA, уште и мал shooting brake купе-караван, но не е исклучено и да се појави мал родстер со ознака SLA. Сите ќе бидат опремени со четирицилиндрични мотори со зафатнина меѓу 1,6 и 2,0 литри, од кои, со помош на турбо натполнење, можат да се извлечат и преку 300 KS - за споменатата AMG верзија на А класата се зборува за 320 или 350 KS.
Mercedes планира годишно да произведува околу 400.000 возила од сите модели базирани на оваа платформа.

No comments:
Post a Comment