Новиот луксузен седан означен како К9, освен со исклучителниот дизајн, го изненади светот и со механиката и технологиите со кои располага. Платформата на која е поставен има погон на задните тркала и води потекло од Hyundai Genesis. Лимузината голема колку серијата 7 на BMW (долга е 5,1 метри) во Кореја е на располагање со два V6 мотора - 3,3 литарски со 300 KS и 3,8 литарски V8 со 333 KS, и двата со осумстепен автоматски менувач. Продажбата во Кореја веќе и започна, а кога и на кои точно други пазари ќе биде понудена, сé уште не е одлучено, но Европа најверојатно нема да биде меѓу нив.
No comments:
Post a Comment