Со желба за побрзо задоволување на своите амбиции за освојување на индискиот пазар, се зборува дека Fiat сака да се здружи со Suzuki.
Откако договорот на Suzuki со Fiat за купување на дизел мотори беше искористен за најавување на крајот на бракот на јапонскиот производител со Volkswagen, не се слушна ништо за меѓусебните релации на двете компании. Сега, само некоја недела откако Fiat најави повлекување од заедничката продажна мрежа со Tata, во гласините веднаш се појави и Suzuki, како идеален партнер за задоволување на амбициите на Fiat за освојување на индискиот пазар. Од Fiat изјавија само и покрај одлуката за формирање самостојна дилерска мрежа, ќе продолжат со заедничките производствени активности со Tata, додека Suzuki, кој сé уште се тужи со Volkswagen, молчи.
Fiat и Tata Motors пред шест години се договорија за производство, продажба и сервисирање на возилата на италијанската марка за индискиот пазар. Всушност и дизел моторите кои Fiat ги испорачува на Maruti Suzuki во Индија се произведуваат во погоните на Tata. Откако ја започнаа соработката, двете компании заедно произведоа 190.000 возила и 337.000 погонски групи. Во Индија во моментот делуваат 178 заеднички дилери на Fiat и Tata.

No comments:
Post a Comment