Со концептот A110-50, кој го покажа во Монте Карло за време на F1 викендот, Renault и даде нов живот на малку подзаборавената марка Alpine.
Некогаш жареа и палеа на спортските патеки и предизвикуваа емотивни реакции каде и да се појавеа, моделите на оваа марка одамна тргнаа на патот кон заборавот. За да не стигнат таму и останат само едно поглавје во историјата на автомобилизмот, Renault одлучи за 50-от роденден на моделот A110 да и даде нов живот на легендата со концепт, за чиј повеќе од возбудлив изглед е најдена одлична основа во електричниот DeZir, покажан пред две години на салонот на автомобилите во Париз. Под неговата моќно развлечена каросерија од јаглеродни влакна се крие механиката на тркачкиот Megane Trophy, засилена со 400 KS моќниот 3,5 литарски V6 мотор од Nissan, кој преку секвенционален шестстепен менувач и самоблокирачки диференцијал ги задвижува задните тркала до неспецифицирани брзини. За да се подобри возбудата во возењето не се вградени никакви електронски системи за помош на возачот, дури ниту ABS, а вратите кои се отвораат нанагоре, спортски фокусираниот кокпит, тркачките елементи како што се рол-барот, управувачот и седишта и некои од болидите на формула 1 преземени технологии ја заокружуваат целината на ова целосно функционално возило.
Renault не ги објави своите планови за производство на Alpine A110-50. Неговата идејна инспирација, оригиналниот Alpine A110, се произведуваше од 1962 до 1977 година.
Renault не ги објави своите планови за производство на Alpine A110-50. Неговата идејна инспирација, оригиналниот Alpine A110, се произведуваше од 1962 до 1977 година.
No comments:
Post a Comment