Со моделот кој на азискиот пазар ќе се појави како Sylphy, а на американскиот како Sentra, Nissan го означи враќањето во сегментот во кој некогаш имаше популарни модели.
Задржувајќи ја конзервативноста на настапот, дополнета со некои модерни елементи, пред сé дизајнерски и технолошки, Nissan со новиот модел сака да им ја наметне на купувачите традиционалната линија квалитети кои беа вообичаени за неговите модели. Пространоста на каросеријата со компактни димензии и перформансите кои треба да ги обезбеди новиот 1,8 литарски мотор. Sylphy е трет од вкупно петте глобални модели на Nissan планирани за лансирање во период од 15 месеци. Базиран е на заедничката V платформа на алијансата Renault-Nissan, која води потекло од B платформата на Renault, користена кај многу модели.
Новиот модел Nissan ќе го понуди во Кина и САД ова лето, а до 2014 година постепено и на приближно 120 пазари ширум светот. Не би требало да нé изненади ако во Европа биде понуден под името Sunny.
Новиот модел Nissan ќе го понуди во Кина и САД ова лето, а до 2014 година постепено и на приближно 120 пазари ширум светот. Не би требало да нé изненади ако во Европа биде понуден под името Sunny.
No comments:
Post a Comment