Во заедничко соопштение, Fiat и Mazda објавија дека се договориле наредниот родстер на Alfa Romeo да биде произведуван од страна на Mazda во фабриката во Хирошима.
Посебно истакнувајќи дека како негова основа ќе биде користена платформата со погон на задните тркала од наредната генерација на Mazda MX-5, двете компании наведуваат дека според договорот, двете возила ќе бидат заеднички развиени, но стилски раздвоени и задвижувани секое со мотори од својата продукција. Почетокот на производството на италијанската верзија на родстерот е предвидено за 2015 година, додека за Mazda MX-5 не се споменува ништо. Ништо не се споменува ниту за ознака на моделот на Alfa Romeo, иако е логично, според традицијата, тој да биде означен како Spider.
Двете компании го завршуваат соопштението со изјавата дека се договориле да ги истражат и другите можности за соработка во Европа.
Двете компании го завршуваат соопштението со изјавата дека се договориле да ги истражат и другите можности за соработка во Европа.
*) на сликата е концептот на купето со погон на задните тркала Alfa Romeo 4C
No comments:
Post a Comment