Идната XL варијанта на Tiguan ќе биде основа за чешки теренец поголем од Yeti.
Очекувана за 2015 година, зголемената варијанта на идниот Tiguan треба да се појави и со знакот на Škoda. Според многу раните информации, чешките зафати на овој модел ќе бидат ограничени само на детали во дизајнот и пакувањето со опрема, додека сé друго би било исто - и двата модела би се произведувале во погоните на Seat, во Марторел, паралелно со Audi Q3. Целта на вака организираниот настап на Volkswagen групата е да се загрози корејската доминација меѓу купувачите кои бараат поевтини теренци.
Што се однесува за Seat, сé уште е отворено прашањето кога Шпанците воопшто ќе добијат свој теренец - главна причина зошто не одат во пакет со Audi или Škoda, се резултатите од работењето за кои челниците од Волфсбург велат дека прво мора да се подобрат, па потоа марката да инвестира во имиџ модели.

No comments:
Post a Comment