До крајот на идната година, од фабриката Hyundai Assan Otomotiv Sanayi треба да излегуваат по 200.000 возила годишно.
Јужнокорејскиот производител вели дека оваа одлука е донесена заради сé поголемите побарувања за возилата од А и Б сегментот во Турција и Европа. Со зголемувањето на капацитетите, покрај i20 кој се произведува таму од 2010 година, од турската фабрика на Hyundai ќе започне да излегува и наредната генерација на помалиот i10. За зголемување на капацитетите на фабриката во Измит, во наредните 18 месеци ќе бидат инвестирани 607 милиони долари.
Hyundai ја отвори својата фабрика во Турција пред 15 години. Оттогаш досега, таму се произведени повеќе од 700.000 возила.
Hyundai ја отвори својата фабрика во Турција пред 15 години. Оттогаш досега, таму се произведени повеќе од 700.000 возила.
No comments:
Post a Comment