Шпанската марка го искористи австрискиот годишен собир на љубителите на возилата под капата на VW да им претстави три свои спортски видувања на постојните модели.
Првиот концепт со ознака Mii FR Line е направен на основа на идејата покажана со Volkswagen Up! GT, од кој донекаде и зависи неговата иднина. Тривратниот мал спортист располага со доста агресивен аеро кит, тркала од 16 инчи со црвен обод, мат црни пластични проширувања за калниците и исти такви, но подебели заштитно-декоративни ленти поставени на дното од вратата од багажникот и од страните. Црната и црвената боја доминираат и во внатрешноста, на која и се додадени спортски седишта и управувач. Seat не соопштува ништо за тоа што се наоѓа во предниот дел на спортскиот Mii, но индикативно е фигурирањето на зборчето Line покрај моќните букви FR.
Кај останатите два спортски модела нема двоумење - Ibiza SC Trophy и Leon Super Copa се наменети исклучиво за трки. Натпреварувачката Ibiza која располага со 1,4 литарски TSi мотор, седумстепена DSG трансмисија со двојна спојка, самоблокирачки диференцијал, моќни сопирачки, тркачко ослонување, 18-инчни тркала со тркачки гуми, спортски седишта и дигитален инструмент панел ќе се продава за 31.500 евра без давачки, а Leon Super Copa, кој, задвижуван од 2,0 литарскиот турбо мотор со 300 KS преку шестстепен DSG менувач и механичка блокажа на диференцијалот може да постигне 250 km/h, за 63.000 евра, исто така без давачки. Стандарден дел од неговата опрема се и тркачкото седиште, управувачот кој може да се отстрани и рол-барот.

поврзани вести:
И Cupra едицијата на Ibiza доживеа фејслифтинг

No comments:
Post a Comment