На салонот на автомобилите во Казабланка, кој се одржува од 18 до 27 мај, Dacia го претстави Dokker.
Новото комерцијално возило на романската марка, кое ќе биде достапно во патничка и доставна верзија, ги има основните дизајнерски линии од моноволуменскиот Lodgy. Ќе се произведува во фабриката на Renault во Тангер, од каде првите примероци веќе наредниот месец ќе бидат испорачани на домашните, марокански купувачи. Кон крајот на годинава се очекува Dokker да биде понуден и на некои европски пазари.
За новиот, петтиот модел во својата гама, Dacia засега не објавува ништо друго, освен дека и доставната, и патничката верзија, која ќе има пет седишта, ќе бидат на располагање со една или две лизгачки задни врати.

No comments:
Post a Comment