Развојот на компактниот SUV на Porsche наскоро ќе биде целосно завршен и моделот ќе биде подготвен за производство.
Планиран за лансирање идната година, помалиот теренец на Porsche, кој е поставен на техниката на Audi Q5, во целост ќе ги има стилските детали на Cayenne, иако во основните линии сепак малку ќе наликува на својот донатор. Од него ќе ја наследи и практично целата механика - моторите, менувачите, оските, системот за управување и Quattro погонот на сите четири тркала, додека инженерите на Porsche имаат интервенирано со свои систем за кочење, ослонување и електронски системи. Се очекува Macan да биде понуден со шестцилиндричните 3,0 литарски TFSi и TDi мотори од Q5, како и со неговиот хибриден систем, а можно е во него да се најде и солидниот 2,0 литарски четирицилиндричен TFSi мотор со 225 KS. Боксер моторите се исклучени од комбинација.
Porsche ќе го произведува Macan во својата фабрика во Лајпциг. Се очекува годишно да се продаваат по 50 до 55 илјади примероци од него.
Porsche ќе го произведува Macan во својата фабрика во Лајпциг. Се очекува годишно да се продаваат по 50 до 55 илјади примероци од него.
No comments:
Post a Comment