Често споменуваното и долго очекувано купе на Toyota со погон на задните тркала можеби ќе доживее и отворена верзија.
Информацијата која пристигна директно од развојните одделенија на јапонскиот производител не е поткрепена со никакви детали, ниту пак се споменува кога би можеле да ја очекуваме кабриолет верзијата на GT 86. Во неа се вели само дека моделот уште од самиот почеток е развиван така да може да биде понуден и како кабриолет, а засега нема официјални информации дека Toyota донела ваква одлука, ниту пак се споменува дека нејзиниот партнер во развојот на овој модел, Subaru, размислува за тоа. Затоа пак, каква-таква потврда на овие информации стигна од Scion, американската младешка марка на Toyota, кои дури ја споменуваат и 2014-та како година за лансирање.
*) на сликите е покажана студија создадена од калифорниската тјунинг компанија Cartel Customs.
поврзани вести:
Како се развиваше Subaru BRZ?
Како се развиваше Subaru BRZ?
No comments:
Post a Comment