Volkswagen ги изненади своите љубителите на собирот во Вертерзее покажувајќи ја легалната верзија на Polo R WRC, која ќе биде хомологирана за редовен сообраќај.
Со ознака Polo R WRC Street, овој модел инспириран од тркачкиот кој беше направен за враќање во светскиот рели шампионат, наместо 1,6 литарски TSi со 300 коњски сили, како што налагаат WRC правилата, ќе биде опремен со 2,0 литарски мотор со 220 KS. Пакетот аеро додатоци за каросеријата, иако не толку агресивни, се направени во стилот на Polo R WRC, а внатрешноста со спортските седишта и управувач во целост е во согласност со тркачкиот имиџ на возилото, за кој придонесува и спуштеното подвозје. Засега никакви други детали не се објавени.
Volkswagen планира да започне со производство на екстремно мала серија на Polo R WRC Street идната година.
Volkswagen планира да започне со производство на екстремно мала серија на Polo R WRC Street идната година.
No comments:
Post a Comment