Германскиот производител на суперавтомобили ја покажа претпроизводствената верзија на plug-in хибридниот модел.
На германските инженери и требаа само две години по покажувањето на концептот на салонот на автомобилите во Женева во 2010 година да го завршат неговиот развој, по што почнуваат подготовките за неговото производство, чиј почеток е планиран за септември идната година. Спајдерот со две седишта и монокок школка од јаглеродни влакна треба да биде предводник на ултимативната гама спортски возила на Porsche. Радикалните перформанси ги обезбедува хибридниот погон искомбиниран од централно поставен 4,6 литарски V8 мотор со непрецизно специфицирани повеќе од 570 KS и два електромотора од околу 90 kW за предните и 80 kW за задните тркала, кои, заедно ангажирани, севкупно испорачуваат повеќе од 770 коњски сили, доволни за забрзување до 100 km/h за помалку од три секунди и максимални 325 km/h. Литиум-јонските батерии од 6,8 kWh, засилени со системот за регенерација на силата на кочење, овозможуваат електрична автономија од околу 25 km. Во електричен режим, брзината е ограничена на 150 km/h, а во комбиниран режим на возење, Porsche декларира дека 918 Spyder троши просечни 3,0 l/100 km и емитува 70 g/km CO₂.
Од другите особености, Porsche ги споменува керамичките диск сопирачки, електропневматскиот систем на предната оска со кој се зголемува растојанието од подлогата при преминување на мали препреки, адаптивниот систем за управување на задните тркала и рачно склопливиот дводелен метален покрив чии панели може да се сместат во предниот простор за багаж. Цената не е објавена, но од порано се калкулира со 645.000 евра, без давачки.

No comments:
Post a Comment