Две години по последниот редизајн, кога му беше унапредена и моторната понуда, Renault со благи дизајнерски измени му го продолжи животниот век на девет години стариот моноволуменец.
Четвртата генерација на моделот кој го измени начинот на сфаќање на корисноста на автомобилите во Европа сега има преден дел кој благо потсетува на новиот корпоративен изглед на возилата на француската марка, со поголема маска, поголемо лого поставено повисоко и поинакви браници и светла. Кои се измените на задниот дел не е објавено, но на едната од овие единствени две објавени фотографии се забележува дека и таму дизајнерите имаат направено некои зафати.
Освежениот Espace во продажба ќе се најде од летово. Наредната негова генерација, планирана за 2014 година, се развива со помош на Mercedes. Од неговото појавување пред 28 години, Renault има продадено 1,2 милиони примероци од Espace.

No comments:
Post a Comment