Официјално демантирајќи ги гласините дека наследникот на Auris повторно ќе го носи името Corolla, Toyota објави и дека неговиот концепт ќе го видиме на салонот на автомобилите во Париз, кој се одржува од 29 септември до 14 октомври.
Независно од најавената глобална компактна офанзива, развојот на европскиот претставник на Toyota во оваа класа веќе е во завршна фаза. Се очекува неговото производство да започне веднаш по салонот во Женева идната година, каде ќе биде прикажана производствената верзија. При непроменети надворешни димензии, меките мускулести линии на хечбекот ќе бидат заменети со повеќе атрактивен и спортски изглед. Основната механика не се менува и асортиманот на мотори на почеток ќе ги вклучува докажаните 1,33, 1,6 и 1,8 литарски бензински и 1,6, 2,0 и 2,2 литарски D-4D дизели. Хибридната верзија се подразбира, а од 2014 година Auris ќе го привлекува вниманието и со 1,6 и 2,0 литарските дизел мотори од BMW.
Toyota моделски ги одвои хечбек и седан верзиите на својот европски компакт во 2007 година, со претставувањето на првата генерација на Auris, кој забележа за 40% помала продажба отколку што се очекуваше. Засега ништо не се споменува за обновување и на Corolla, како што и понатаму во Европа ќе се означува седанот.

No comments:
Post a Comment